More

    Советниците на СДСМ, ДУИ и на Левица свикале вонредна седница на полноќ и доделиле 630 милиони денари за ЈСП

    spot_img

    Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДСМ, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во Советот на Град Скопје, реагираат советниците во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

    Како што е наведено во соопштението од партијата, без да има никаква потреба за вонредност, советниците на СДСМ, ДУИ и на Левица побарале вонредна седница да се гласа за 4 точки.

    „Првата точка, да се доделат над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се троштат. Втората точка, за уредување на градежно земјиште за која особен интерес покажа бизнис партнерот на СДС, ДУИ. Третата точка, за криминална преполовување на долгот што треба спортскиот центар Борис Трајковски раководен од кадар на СДС да го исплати на градот Скопје, при што Градот се откажува за половина од сумата од 1 милион евра што Спортскиот Центар треба да ја исплати на Градот. Четвртата точка финансирање на изработка на урбанистички планови. Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа. Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше ‘воздржано’, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ‘за’ 630 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Инаку претходно Советот на Град Скопје не ја усвои одлуката за доделување субвенции на ЈСП од 12 милиони евра, па со таа одлука можеше да се случи од први јануари да нема пари за да може да возат автобусите.

    На седница, како точка на дневен ред предложена од градоначалничката Данела Арсовска беше доделување субвенции на ЈСП во висина од 12 милиони евра за да може претпријатието нормално да работи. Се  предвидуваа 130 милиони денари или 2,1 милион евра за бесплатен превоз на пензионери и студенти, 550 милиони денари или 8,9 милиони евра за нормално работење и надминување на потешкотиите во работењето и еден милоион евра за системот за интелигентна наплата. Но, оваа одлука не беше изгласана, бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои го имаат мнозинството и вчера го изгласаа буџетот сега не гласаа „ЗА“. Па така од први јануари ќе немаше пари за Скопје да има автобуски превоз, ќе немаше пари да се плати гориво и да се поделат плати на вработените.

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека станува збор за голема сума пари, а тие немаат никакви информации како се трошат.

    – Никој не знае каде и како ќе се потрошат овие пари. Сите гледаме дека кај трите најголеми добавувачи два месеца не се исплатени пари, па кај кого одат парите кои ги добива претпријатието? Затоа ние предлагаме да се намалат парите односно да се дадат субвенции потребни за месец јануари. Па откако ќе добиеме дополнителни информации, ќе знаеме дали им се потребни навистина толку пари односно над 10 милиони евра. ЈСП станува буре без дно, а никој не ни кажува ништо, не се почитува Советот, се навредуваат советниците, возниот ред не се почитува, граѓаните се незадоволни од јавниот превоз. Оттука се поставува прашање зошто ние би дале толку пари? – рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски.

    Советниците од СДСМ рекоа дека тие како опозиција во Советот ќе гласаат „воздржано“ како и досега, бидејќи цела година ниту од градоначалничката Данела Арсовска ниту од претпријатието и директорот немаат добиено ниту еден одговор во врска со јавниот превоз и состојбата во претпријатието.

    Градоначалничката Арсовска кажа дека ако советниците не ја усвојат оваа одлука за субвенционирање, Скопје ќе остане без јавен превоз и ги молеше да ја гласаат одлуката.

    – По неизгласувањето на оваа одлука, од 1 јануари нема да има бесплатен превоз за пензионери и за студенти. Нема да има пари за надминување на потешкотиите во работењето предизвикани од економската и енергетската криза и зголемените трошоците за гориво кое е основно средство за да работи претпријатието. Ако не се изгласа одлуката се доведува во прашање дали ќе има јавен превоз. Да не се чудат граѓаните, од први јануари може да немаме трајно јавен превоз оти овие советници за првпат не дадоа поддршка за субвенционирање на ЈСП. Ве молат, треба да размислиме малку подалеку од меѓусебните кавги, политички препукување и тоа што не ви се допаѓа директорот. Да не ги оставиме граѓаните без превоз, ве замолувам да гласате. Понатаму оставам на вашата совест, а граѓаните ќе проценат кој ги оставил без автобуски превоз – рече Арсовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img