Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска изјави дека за Русија и понатаму приоритет е преземање контрола врз Киев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска изјави дека за Русија и понатаму приоритет е преземање контрола врз Киев, но оти таквиот обид би бил „самоубиство“ за Москва. Според него „активните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за две до три седмици.

Руските сили речиси четири недели, уште од почетокот на окупацијата, се обидуваат да го заземат главниот град на Украина. Претходно, британското разузнавање соопшти дека руските сили „издржале уште еден ден на ограничен напредок, при што повеќето сили во голема мера се во застој“.

Според официјален Киев, Москва претрпела големи загуби во војната досега, наводно околу 15.000 руски војници загинале, а уништени се стотици тенкови. Во меѓувреме, советничката на украинската Влада, Љубов Цибулска, изјави дека за евентуален крај на војната Русија треба да ги повлече силите од Украина.

– Знаеме дека има одреден круг на луѓе во руските власти кои разбираат дека оваа војна води кон руски колапс. Очекуваме тие да направат нешто. Постои шанса моќта на Путин да биде ограничена од неговиот народ – додаде Цибулска.

Share This Article