More

    Советникот на Радев,Димитар Стојанов, со иронија ја коментираше посетата на Сиљановска Давкова:„За пиење кафе ли треба да се истакни државно знаме?„

    spot_img

    „Не би сакал да зборувам за провокација во овој случај, додека бараме чекор напред во развојот на нашите односи. Не е коректно да се мешаме со знамиња во оваа ситуација. Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, дали да ѝ ставиме знамиња во естаблишментот. Непотребно влошување на ситуацијата“.

    Вака за БНТ го коментираше инцидентот со неистакнувањето на македонското знаме во претседателскиот кабинет на бугарскиот претседател, неговиот советник Димитар Стојанов. При средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со бугарскиот колега Румен Радев минатиот петок македонското знаме не беше истакнато, што беше видливо на заедничката фотографија од настанот.

    Според Стојанов, посетата на македонската претседателка била од неформален карактер, односно не била ниту од државен, ниту од работен карактер, па затоа Бугарија не била должна да го истакне и македонското знаме, односно да го испочитува претседателскиот протокол.

    Сиљановска Давкова во петокот во Софија се сретна со Радев пред да присуствува изведбата на операта „Набуко“ во изведба на Македонската опера и балет.

    Меѓу другото, Стојанов вели меѓу македонската претседателка и нејзиниот бугарски колега поминала во добар тон и била исклучително конструктивна, а според неговата изјава, договорени се и идните државни посети меѓу двете земји.

    Македонското Министерство за надворешни работи денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за да го испита случајот.

    Претходно, од македонското МНР, за инцидентот објаснија:

    „Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен – нагласија од кабинетот на претседателката“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img