More

    Совети за спиење и за разладување на домот

    spot_img

    Во жешките ноќи, на нашето тело му станува тешко да го најде топлинскиот баланс и тоа значи дека тешко ќе заспиеме. Топлото време може да предизвика повеќе прекини во сонот во текот на ноќта, правејќи ги луѓето да се чувствуваат поуморни следниот ден. Затоа е важно да создадете добар ритам на сон – легнете порано, станете порано, препорачуваат од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

    Идеалната собна температура за спиење е помеѓу 19-21°С. Ноќната облека, односно постелнината, прекривките и пижамите помагаат да се создаде микроклима околу нашата кожа која ја одржува оваа идеална температура. Затоа, ако прекривката со јорган е премногу, може да се претпочита тенок чаршаф за подобар ноќен сон. Изберете широка и памучна облека.

    Отворањето на прозорците може да помогне ако дува благо ветре (доколку има соодветна заштита од инсекти), но надворешната бучава понекогаш може да биде негативен фактор за квалитетен сон. Пред спиење туширајте се со млако или ладно туширање или мијте ги Вашите раце, нозе, лице и врат за полека да ја намалите телесната температура.

    Избегнувајте алкохол, кофеин и зачинета храна навечер – тие ја зголемуваат температурата на вашето тело и дирузеата (мокрењето). Следствено, почестото будење носи понеквалитетен сон и ќе бидете недоволно спремни за утрешниот топол ден.

    Испијте најмалку една чаша вода пред спиење и чувајте во Ваша близина вода во текот на ноќта. Редовно информирајте се за топлотните бранови.

    Идеална собна температура денски е 21°С, а во ноќта 18°С. Но во период на топлотни бранови најдобро е собната температура да се одржува на околу 25°С.

    За разладување на внатрешни простории треба добро да се процени пред да ги отворите  прозорците на вашиот дом. Ако температурата надвор е повисока отколку внатре, може да изгубите релативно поладно засолниште. Наместо тоа, во периодот од 10 до 17 часот цврсто затворете ги прозорците и завесите, надворешните или внатрешните ролетни во просториите свртени кон сонце. По потреба, може да се користат чаршафи или крпи.

    Отворете ги прозорците кога воздухот се чувствува поладен надвор отколку внатре.

    Употребата на електричните уреди создава топлина. Исклучете ги грејните тела, како и електричната опрема и светлата што не се во употреба.

    Електричните вентилатори можат да помогнат, но само ако температурата е под 35°С. Можете да ја разладите просторијата без вентилатор следејќи ги другите совети.

    Температурата на климата не треба да биде наместена под 7°С од надворешната. Пример: Ако е надвор 35°С, клима уредот максимум треба да ви биде наместен на 28°С.

    За поголема ефикасност и економичност на ладењето, изладете една или две соби наместо цела куќа.

    Гответе во поладно време од денот. Употребата на ринглата и рерната да биде колку што е можно пократко време, а пред и после употреба да следи соодветна аклиматизација на просторијата каде се употребувале тие.

    Дрвјата се одличен начин да се одржуваат градовите ладни, па дури и едно дрво на улица или градина дава мерливи придобивки. Размислете и за садење дрвја со семејството или соседите чии позитивни придобивки ќе ги почувствувате вие и идните генерации. Особено поволен ефект за ладењето даваат дрвјата со голема крошна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img