Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на летната кампања „За безбедно лето 2022“, до возачите упатува апел за безбедно учество во сообраќајот и советува:
– почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот,
– возете со пропишаната брзина и не престигнувајте непрописно други учесници во сообраќајот,
– правете почести паузи,
– за време на паузите излезете од возилото, раздвижете се, напијте се кафе, вода или безалкохолни пијалоци,
– ако се чувствувате уморни застанете и ако имате потреба од поголем одмор без разлика кое време од денот е – отспијте одреден временски период за да можете потоа безбедно да го продолжите патувањето,
– бидете информирани за временската прогноза,
– бидете особено внимателни кога температурите се над 30 С,
– погрижете се разликата во температурите во моторното возило и во надворешни услови да не биде поголема од 7 степени за да нема несакани последици по здравјето при излегувањето од моторното возило,
– доколку ви сметаат сончевите зраци кои често ги изморуваат очите, користете очила за сонце,
– бидете особено внимателни доколку возите за време на викенд кога е зголемена густината на сообраќајот, како и кога возите ноќе кога е намалена видливоста на патиштата,
– препорачуваме мобилниот телефон да се користи за време на паузите, а не додека го управувате моторното возило,
– користете сигурносен појас,
– ако патувате на подолги релации и преминувате граничните премини, без оглед на тоа колку време сте чекале, не ја зголемувајте брзината над препорачаната, возете одморени и правeтe соодветни паузи со цел да стигнете безбедно на посакуваната дестинација.