More

    Социјалната мрежа на Трамп на работ на колапс

    spot_img

    „Truth Social“, социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се соочува со финансиски проблеми, а популарноста на апликацијата е под очекувањата.Шест месеци по дебито на новата мрежа, клонот на Трамп „Твитер“ сè уште нема стабилен и постојан извор на приход, а растот станува сомнителен.

    „Digital World Acquisition“, компанијата која требаше да го купи „Truth Social“, моментално размислува и изразува страв дека правните проблеми би можеле да доведат до пад на популарноста на мрежата. Компанијата вели дека бизнисот на оваа мрежа лесно може да се разниша доколку популарноста на Трамп опадне или ако има нови контроверзии кои го нарушуваат неговиот кредибилитет.

    Поднесоците на компанијата тврдат дека „Truth Social“ можеби никогаш нема да постигне приходи и профитабилни операции. Велат дека компанијата мора да се ослободи од ризиците во бизнисот и дека доколку не успее, најверојатно ќе пропадне.

    Веќе има индиции дека финансиската основа на мрежата „Truth Social“ почнала да се распаѓа. Компанијата на Трамп ги прекина плаќањата на „Рајт Форџ“, компанија која се занимава со веб хостинг и сега и должи неколку милиони долари, дознава „Фокс бизнис“.

    „Рајт Форџ“ се рекламира како столб на конзервативното движење за изградба на паралелен Интернет кој е заштитен од „цензурата на големите технолошки гиганти“. Извршниот директор на компанијата, Мартин Авила, одби да го коментира случајот и рече дека „целосно стои на Трамп и неговите одлуки“.

    Сепак, според тврдењата на „Вашингтон пост“, компанијата на Трамп и „Рајт Форџ“ во последните неколку недели комуницирале исклучиво преку адвокати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img