More

    Социјалдемократските „султани“ да си заминат, порача Силјановска Давкова

    spot_img

    Во рамките на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Д-р. Гордана Силјановска- Давкова се одржа митинг во Ѓорче Петров.

    Во својот говор Професорката Силјановска Давкова порача:

    „Во време на власта на СДСМ, Македонија стана држава на социјални случаи. Да ѝ ја вратиме гордоста! Македонија според Уставот е демократска, самостојна, независна и социјална држава. Во време на социјалдемократска власт, Македонија станува држава на социјални случаи. Секој ден се зголемува бројот на сиромашните луѓе. Дури и луѓе со знаење, со дипломи, луѓе кои би требало да бидат горда интелигенција, паѓаат на дното. А на врвот неколку семјества! На врвот неколку стотина луѓе кои не знаат што да прават со себе. Мора час поскоро да сториме нешто, вие сте тие кои можат тоа да го сторат!“

    Ова пред граѓаните на масовниот митинг во Ѓорче Петриов го порача Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Доаѓа времето на отчетот, иако не гледам отчет од сегашниот претседател. Времето на изборите е време на соочување со народот. Тој го дава легитимитетот, тој го враќа легитимитетот, тој го зема легитимитетот. Суверенитетот, исто така. Луѓе кои не ги застапуваат граѓаните, луѓе кои надвор не ги бранат националните и државните интереси, не можат да не прават нас ниту достоинствени ниту горди. А верувам дека и Македонија е свесна за тоа и страда и самата сака да си заминат овие луѓе кои ја срамат и да дојдат други со кои ќе се гордее! Други кои ќе останат запишани дека сториле нешто кога ѝ било најтешко! Тогаш кога сите сме мислеле дека 80 години потоа ова ќе биде цветна европска градина, ама во трње живееме – рече Силјановска Давкова.

    Таа додава дека е срамота Македонија да не биде социјална држава во времето на социјалдемократи на власт и срамота е социјалдемократите да бидат најбогати во оваа држава.

    – Со право некогаш ги споредуваме со најразлични калифи, султани, со кралеви. Тие не ја заслужуваат вашата доверба. Помoгнете ни, за да ви докажеме дека има и подобра варијанта. Дека има и овде се уште луѓе кои не само што знаат, умеат и веруваат, туку се спремни да се жртвуваат за нешто да може да биде пристојно и нормално. Срамота е ненормалноста да биде нормална. Срамота е да мислиме дека криминалот и корупцијата се природна појава. Не! Не се. Тие се катасрофа! Ама страшно е што се од карактерот на епидемија. Тие се вистинска елементарна непогода. Мора да сториме нешто за да си заминат. Ви ветувам дека нема да ве засрамам! Ќе се обидам да се надминам себе си, заради вас! – рече претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ние сме европски народ, рече таа на крајот и додаде:

    – Нам ни е местото во Европската Унија! Македонија мора да биде горда! Македонија заслужува да биде членка на ЕУ! А за да си има таму почитувано место, треба да биде стандардна европска држава, а не балканска неразбирлива држава или вилает.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img