More

    Состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел: „Важно е да го зголемиме нашето присуство на Косово“

    spot_img

    Утринава во Брисел почна состанокот на министрите за одбрана на НАТО, на кој ќе се разговара за голем број важни прашања, меѓу кои и војната меѓу Русија и Украина и ситуацијата на Косово.

    Со состанокот во седиштето на Алијансата претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој им се обрати на новинарите на влезот во зградата заедно со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој исто така без претходна најава пристигна на министерскиот состанок.
    „Вашето лидерство, храброста на украинските воени сили и одлучноста на украинскиот народ продолжуваат да не импресионираат и инспирираат сите нас и ние ќе бидеме со вас за да ја поддржиме Украина бидејќи е важна за целиот НАТО. Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат денеска и утре. Се разбира, ќе зборуваме и за Украина. Ќе се состане и Контакт групата за одбрана на Украина каде ќе мобилизираме поддршка и ќе ја координираме нашата воена поддршка за Украина. Ќе има и состанок на Советот НАТО-Украина, кој беше формиран за дополнително да ги зајакне нашите односи и да и помогне на Украина да се придвижи кон членство во НАТО“, рече Столтенберг.

    Тој посочи дека утре ќе се разговара за повеќе важни прашања, меѓу кои и присуството на силите на НАТО на Косово.

    „Утре ќе разговараме за прашањата за одвраќање и одбрана. Ќе разговараме и за мисиите и операциите на НАТО, вклучително и за нашето присуство на Косово. Видовме растечки тензии таму и важно е НАТО да го зголеми присуството на Косово“, рече Столтенберг.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до Столтенберг за неговата поддршка.

    „Бевте во Киев пред две недели. Мислам дека тоа беше многу важен состанок. Разговаравме за поддршка на Украина и како да ја преживееме претстојната зима. Ова е еден од најголемите предизвици за нас. Се подготвуваме и сега ни треба поддршката од овие лидери и затоа сме денес овде. Ќе зборуваме за приоритетите и како да ја истераме Русија од нашата територија. Важно е да знаете дека не сте сами. Единството е многу важно“, рече Зеленски, нагласувајќи ја важноста на системот за противвоздушна одбрана.

    Столтенберг повтори дека се сретнале во Брисел за да мобилизираат уште поголема поддршка за Украина.

    „Тоа е систем на противвоздушна одбрана, артилерија, муниција. Ги поздравувам најавите што ги слушнавме пред неколку дена од Романија и Германија, а очекуваме и другите сојузници на НАТО да објават поголема поддршка за Украина бидејќи ние треба да обезбедиме поддршка. Системот за воздушна одбрана е од клучно значење за заштита на градовите, економијата и клучната инфраструктура на Украина“, рече Столтенберг и додаде:

    „Путин се подготвува да ја искористи зимата како воено оружје, напаѓајќи го енергетскиот систем и гасната инфраструктура. Мораме да го спречиме тоа со напредни и подобрени способности“.

    Во среда најпрво ќе се одржи состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, а воведниот говор ќе го има американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. За попладневните часови е планиран состанок на Советот НАТО-Украина на седницата на министрите за одбрана со учество на шведскиот министер за одбрана Пол Џонсон. На крајот на денот ќе се одржи прес-конференција на генералниот секретар на НАТО.

    Во четврток средбата ќе започне со кратки говори на генералниот секретар на НАТО и на американскиот секретар за одбрана. Потоа ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет во рамки на седницата на министрите за одбрана на која ќе учествува и министерот за одбрана на Шведска. Кон крајот на денот е предвидена прес-конференција на генералниот секретар на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img