Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на судското рочиште што се одржа синоќа, официјално беше обвинет за заговор за поништување на неговиот пораз на изборите во 2020 година. Сослушувањето траеше само 27 минути. Пред судењето, поранешниот републикански претседател случајот го нарече доказ за корупција, скандал и неуспех на актуелниот претседател Џо Бајден.
За сослушувањето во Вашингтон беше зголемено обезбедувањето.
Против Трамп веќе се водат два судски процеси, но тој сѐ уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Сегашното обвинение се смета за најтешко. Трамп беше обвинет по четири точки, вклучувајќи заговор за измама на државата, заговор против граѓанските права и манипулација на сведоци. Поранешниот американски претседател по сите обвиненија се изјасни за невин.
-Ова е многу тажен ден за Америка, а исто така беше многу тажно да се вози низ Вашингтон и да се види сета нечистотија и распаѓање. Ова не е местото од кое заминав – рече Трамп во изјавата по сослушувањето.
Следното рочиште ќе се одржи на 28 август во 10 часот по локално време. Целосниот датум на судење ќе биде одреден на тоа рочиште.