More

    Сорос: Поразот на Русија ќе доведе до колапс на „Руската империја“

    spot_img

    Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека поразот на Русија во Украина ќе резултира со колапс на „руската империја“, што поранешните советски републики би го поздравиле, пренесува Гласот на Америка.

    Сорос изјави и дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат Украина, но дека претседателот Џозеф Бајден го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека има граници и дека Третата светска војна мора да се избегне.

    Милијардерот не го откри изворот на таа информација, пренесува Voice of America.

    Тој оцени дека руската армија има лоша команда и е слабо опремена и деморализирана, но дека рускиот претседател Владимир Путин се свртел кон платеничката група Вагнер за воено да и се спротивстави на Украина и дека дава резултати на краток рок.

    Тој исто така посочи дека Украина има шанса на пролет кога ќе го добие оружјето што и го вети Западот.

    „Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат Русите да бидат поразени во Украина бидејќи сакаат да ја зацврстат својата независност“, рече Сорос во говорот на безбедносната конференција во Минхен, пренесен од неговата канцеларија.

    Како што објасни тој, тоа значи дека Русија повеќе нема да биде закана за Европа и светот и дека би била голема промена на подобро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img