More

    Сопственикот на куќата во која биле пронајдени четирите малолетни лица издрогирани и во несвесна состојба е приведен

    spot_img

    Сопственикот на куќата во која биле пронајдени четирите малолетни лица издрогирани и  во несвесна состојба е приведен, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

    Оттаму информираат и дека денеска се врши увид на местото под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

    Според соопштението, четириесетгодишниот Д.Ѓ вчера пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од малолетници.

    „ Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина. Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош“, се наведува во соопштението.

    Во него се додава и дека бил известен  јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ..

    Претходно од токсикологија информираа дека децата биле во свесна состојба, но кај нив не се утврдени траги од алкохол како што се тврди во соопштението на МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img