Пол Пелоси (82), сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, бил „насилно нападнат” по провала во нивниот дом во Калифорнија во петокот наутро по локално време, соопшти нејзината канцеларија.
„Напаѓачот е во притвор, а мотивите за нападот се истражуваат”, се вели во соопштението. „Господинот Пелоси беше пренесен во болница, каде што добива одлична медицинска нега и се очекува целосно да закрепне”, се додава во соопштението.
Демократката Ненси Пелоси не била дома во моментот на нападот.