Сузана, сопругата на уапсениот полицаец Слаѓан Трајковиќ, за РТС изјави дека во јужниот дел на Митровица и било кажано дека нејзиниот сопруг е уапсен, префрлен во Приштина и обвинет за воени злосторства.
-„Отидов во јужниот дел на Митровица до регионот на станицата, но таму беа груби. Отидов со ќерка ми. Чекавме повеќе од еден час. Прво не истепаа, едвај не пуштија, а потоа не избркаа“, изјави Сузана Трајковиќ за РТС.
Таа напомена дека бара само информации дали е вистина дека нејзиниот сопруг е уапсен и каде се наоѓа.
-„Имаме информации дека е префрлен во Приштина. Дека не можеме да го видиме и дека е обвинет за воени злосторства“, рече Сузана Трајковиќ.
Таа додава дека прашала какви воени злосторства, по 23 години, имајќи предвид дека тој бил вработен во МУП.
„Како што гледате, нема правда за Србите. Овој терор повеќе не може да се одржи“, истакна таа.
Семејството живее во Бошњачка Махала во северниот дел на Митровица и има три деца, јавува РТС.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, оцени дека новото апсење покажува дека Курти продолжува да ги лови Србите и дека не сака да ги смирува тензиите и да ја деескалира ситуацијата.