Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по повод божиќните празници, во Битола ги посети ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ и ЈУ Домот на доенчиња и мали деца.При посетата на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, Ѓоргиевска го посети детското одделениe. Во оваа установа, таа имаше средба со нејзиниот директор д-р Александар Обедниковски со кого разговараше за актуелната состојба и функционирањето на клиниката.
Во Битола, сопругата на претседателот беше во посета и на ЈУ Домот за доенчиња кадешто беше пречекана од ВД директорката Анета Талеска. Во рамки на посетата, Ѓоргиевска се дружеше со децата кои престојуваат во домовите.