Сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп на 1 октомври ќе ја објави книгата „Меланија“.
Поранешната прва дама на Америка објави драматично црно-бело видео на социјалните мрежи, велејќи дека е време да ја каже својата вистина во мемоари.
– Пишувањето на овие мемоари беше длабоко лично и рефлексивно патување за мене – рече таа во видеото објавено на нејзините профили на социјалните мрежи.
– Како личност која често била предмет на јавна контрола и погрешно претставување, чувствувам одговорност да ги исправам фактите – рече сопругата на Доналд Трамп пред објавувањето на нејзините мемоари, Меланија.
– Верувам дека е важно да ја споделам мојата перспектива: вистината – рече таа во видеото.
Видеото на поранешната прва дама на САД вчера беше споделено на социјалната мрежа „Х“, а веќе има 6,5 милиони прегледи.
Оваа 54-годишна поранешна манекенка, која се омажи за Доналд Трамп во 2005 година, најави објавување на своите мемоари во јули оваа година.
Во промотивните материјали, издавачката куќа „Скајхорс“ ја нарече книгата „интимен портрет на жена која живеела извонреден живот“.
Книгата ќе содржи „приказни и слики кои никогаш порано не биле јавно споделени“, рече нејзиниот издавач.
Видеото од 48 секунди започнува со тоа што поранешната прва дама зборува директно во камерата. Исто така, содржи сцени од нејзиното време во Белата куќа, вклучувајќи патување во Африка и работа на нејзината кампања „Биди најдобар“.
Има и неколку фотографии од периодот кога се занимавала со манекенство и како млада мајка со синот Барон. Прикажан е нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пишува Дејли мејл.
Видеото е во црно-бела верзија со драматична музика.