Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ пред еден месец станаа родители на момче кое го нарекоа Перун.
Тие двајца уживаат во шармот на родителството, а Мина сега покажа на кого личи наследникот.
Имено, Мина објави колаж од фотографии на кој се наоѓаат таа и Огњен и нивниот син Перун. На фотографијата на која се снимени Мина и Огњен посебно внимание привлече неговата коса која од ветрот се кренала во вис.
Малиот Перун има идентична фризура на фотографијата, па Мина во описот на фотографијата напишала: „Пронајдете ја разликата“.
Да потсетиме, Огњен неодамна за српски „Блиц“ откри како се чувствува откако Мина се породи.
– Кога станува збор за важни работи, деца, јас секогаш имам стравови. Важно е само да е здрав и сè да е во ред. Мина е поинаков тип, таа е лавица. Сè лесно поднесува, брзо се снаоѓа. Таа ми го олеснува животот и тоа е совршено – признал Огњен за „Блиц“.
Инаку, Огњен има уште еден син од претходниот брак со манекенката Даниела Димитровска.