Сопругата на раперот Канје Вест, Бјанка Ценсори е позната по своите експлицитни модни комбинации, но овој пат отиде предалеку. Имено, Бјанка се прошета по улиците на Париз без гаќички, носејќи на себе проѕирни хулахопки.
Таа не се ни обидела да ги скрие интимните делови додека излегуваше од автомобилот и шеташе низ градот. Според фотографиите многу јасно е дека Бјанка воопшто не носи долна облека. Голото тело го покри само со бундата што ја носеше.
Контроверзниот рапер будно ја следел својата речиси гола сопруга заедно со нивниот тим за обезбедување. За разлика од сопругата, Канје беше целосно покриен, секако со црни парчиња облека од кои во последно време не се откажува, а имаше и пар црни ракавици.
Шокантниот изглед на Бјанка без долна облека е само еден ден откако таа беше во друштво на 10-годишната ќерка на Канје, Норт Вест.