Сопругата на Џулијан Асанж, Стела Асанж, изјави дека нивните две деца се со неа во Австралија, но сѐ уште не им е кажано дека татко им ќе биде ослободен. Тие само знаат дека ги чека „големо изненадување“ во Австралија, објави британски Гардијан.
– Сè што им кажав утрината кога тргнавме е дека ги чека големо изненадување. Им реков дека одиме кон аеродромот. Се качивме во авионот и им реков дека ќе одиме да го посетиме нашето семејство, нивниот братучед, нивниот дедо и слично. И тие сѐ уште не знаат. Бевме многу внимателни зашто очигледно никој не може да спречи 5-годишно и 7-годишно дете, знаете, да вика од покривите во секој момент… Сепак, тие се многу возбудени што се во Австралија – изјави сопругата на Асанж.
Децата на Асанж никогаш не го виделе надвор од затворот „Белмарш“.
Стела потврди дека ќе им биде кажано пред да се сретнат со нивниот татко.