More

    СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 15, УБ 15.7, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019-2024

    spot_img

    Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

     

    СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 15, УБ 15.7, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019-2024

    СЕ СООПШТУВА повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, општина Охрид, плански период 2019-2024 со тех. бр. 060/11/18 од мај 2022 год. изработен од ДППИ „ТАЈФА ПЛАН“ доо Скопје.

    1. Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, општина Охрид е со површина од 25.10 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:

        • север – граница на опфатот на ГУП на град Охрид (по катастарски парцели)
        • исток – магистрална улица со профил М4 – ул „15ти Корпус“,
        • југ – сервисна улица со профил СЕ 15.3 и
        • запад – собирна улица со профил С7 ул.„Петрино“.

    2. Јавната анкета ќе трае од 30.05.2022 – 06.06.2022 год.

    3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 03.06.2022 год. со почеток во 12.00 часот со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

    4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе  биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.

    5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.

    6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.

     

    ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 15, УБ 15.7, ОПШТИНА ОХРИД

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img