МВР извести дека е пријавено дека во Скопје на крстосницата од булеварот Св.Климент Охридски и улицата Димитрие Чуповски и булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „мерцедес ц200“ управувано од К.А.(52) од село Никуштак, кумановско и второ возило „мерцедес“ управувано од Г.П.(47) од Скопје.
Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатник од возилото со кумановски регистарски ознаки, Џ.А.(52) од с.Никуштак, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници, исто така, од возилото со кумановски регистарски ознаки, констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во приватна медицинска установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.