Во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга- Охрид вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(27) од Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(69) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека со телесни повреди се здобил возачот Т.А. и сопатникот од неговото возило Н.Г.(18) од Скопје, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга.