More

    Сонот на државните службеници во Хрватска станува реалност

    spot_img

    Државните службеници во Хрватска ќе можат да работат од дома 3 дена во неделата, вклучително петок и понеделник, а за тоа ќе одлучува претпоставениот службеник одговорен за функционирањето на државниот орган.

    Ова го предвидува новата Уредба со која хрватската влада сака да обезбеди поголема рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот.

    Ова право, како што објасни портпаролката на министерството за правда на Хрватска Фадила Баховиќ ќе го имаат и полицајците.

    – Полицајците можат да работат од дома секој ден во неделата, а кој ден ќе биде зависи од лидерот одговорен за работата на телото – рече таа.

    Три категории вработени се издвоени и приоритетни при одобрување повремена работа на далечина која може да трае цела година – родители на деца до 8 години, родители на деца со пречки во развојот и вработените кои се грижат за член на домаќинството.

    Според податоците за 2024 година, во некои месеци била достигната стапка од дури 26% државни службеници кои работеле од дома.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img