Сондата Паркер на НАСА повторно влезе во историјата, бидејќи според податоците на американската вселенска агенција НАСА, се вели дека е најблиску до Сонцето.
Деновиве сондата Паркер лета поблиску до Сонцето од кога било досега – дошла на 6,1 милион километри, објави во вторникот американската вселенска агенција НАСА, пренесува француската новинска агенција АФП.
Иако вчерашното прелетување требаше да се случи точно во 12:53 часот по средноевропско време, научниците ќе мора да почекаат до утрово за да го потврдат успехот на историскиот подвиг, бидејќи сондата привремено го загуби контактот со Земјата поради близината до Сонцето.
Според научникот на НАСА, Арик Познер, тие со нетрпение го чекаат првото ажурирање за нејзината состојба и добиваат дополнителни податоци во наредните недели.