Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и потопло време. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.