Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, е метеоролошката прогноза за денеска.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе биде 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Температурата ќе се искачи до 15-от степен.
По денешната стабилизација на времето, следните два дена повторно се враќа дождот.