Времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната ќе се движи од 14 до 22 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. Утре ќе дува повремено засилен, а потоа слаб до умерен северен ветер.