Софија Вергара ужива по разводот, објави разголена фотографија без шминка додека се релаксира во када

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На задоволство на многубројните обожаватели, Софија Вергара (51) објави разголена фотографија без шминка додека се релаксира во када.

Познатата актерка и судијка во шоуто „Америка има талент“ сподели атрактивно селфи на Инстаграм, на кое се одмора во прекрасна мермерна када во хотелот „Булгари“ во Париз, пишува „Пејџ сикс“.

– Планирам како да ја донесам оваа када во Лос Анџелес“, напишала Софија во описот на фотографијата, нагласувајќи дека е изморена од патувањето со авион.

Актерката изгледа свежо со собрана коса додека нежно се насмевнува пред камерата. Следбениците на ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ ја преплавија со коментари полни со комплименти за убавата актерка.

– Изгледаш одлично, исто како и секогаш, напиша една следбеничка.

– Зошто воопшто би се шминкала? Изгледате прекрасно без тоа, вели еден коментатор.

Инаку, Вергара отпатува во Париз за да присуствува на култната модна недела, а дел од својата вечер сподели со нејзината пријателка, дизајнерката Валентина Микети.

- Advertisement -
Ad image

Имено, Вергара заминала во Франција среде разводот со Џо Манганиело. Отуѓената двојка во јули објави дека става крај на седумгодишниот брак.

– Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашите животи“, рекоа тие во ексклузивната изјава за Page Six тогаш. Во меѓувреме, извор изјави за Page Six дека двојката „се оддалечува веќе некое време“ и „размислува за својата иднина“.

Иако Вергара и Манганиело не ги открија конкретните причини што довеле до разделбата, повеќе извори велат дека тоа има врска со неговата желба да има деца.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article