More

    Софија ќе и донира ракети С-300 на Украина – Опозицијата гневна, бара оставки

    spot_img

    Бугарскиот парламент усвои предлог-закон за донирање на неисправни ракети од типот 5В55Р за системот за противвоздушна одбрана С-300 (Ес-300) на Украина. Предлагачите истакнуваат дека Бугарија не е во состојба да ги поправи неисправните ракети за С-300, за разлика од Киев, кој има такви индустриски капацитети. Се предлага ракетите од советско производство да му се испорачаат на Киев бесплатно.

    Овој предлог во софискиот парламент го пoддржуваат истакнати бугарски политичари како Бојко Борисов [ГЕРБ], Христо Иванов [ДБ], Дељан Пеевски [ДПС], Кирил Петков [ПП], Ивајло Мирчев [ДБ] и Христо Гаџев [ГЕРБ]. Се претпоставува дека предлогот има големи шанси да помине поради значителната застапеност на предлагачките партии во парламентот, од кои некои [ГЕРБ, ПП, ДБ, СДС] во моментов ја даваат својата поддршка на владата.

    На вчерашната парламентарна комисија за одбрана, на која со мнозинство гласови беше поддржан предлогот, министерот за одбрана Тодор Тагарев пред пратениците рече дека таквата испорака нема да ги намали борбените способности на Бугарија.

    Но, предлогот за донирање на ракетите С-300 предизвика бурни реакции кај опозицијата. Бугарските социјалисти (БСП) побараа итна оставка од Тагарев.

    – Единствено што можете да направите е да дојдете во оваа просторија откако прво ќе поднесете оставка. Вие сте опасност за националната безбедност на Бугарија. Што повеќе кажува за вас од фактот дека посегнувате по последните противвоздушни ракетни системи во Бугарија. Дали сте министер за одбрана на Бугарија или на Украина – праша пратеникот од партијата БСП Борислав Гуцанов.

    Незадоволство изрази и Николај Дренчев од партијата „Преродба“.

    – Оваа идеја ви ја дадоа во Министерството за одбрана, односно министерот за одбрана на некоја друга држава, а не на Бугарија. И веднаш ја извршивте наредбата на (странската) амбасада, рече пратеникот.

    Ивајло Мирчев, пратеник од ДБ, посочи дека ракетите С-300, кои бугарската војска ги смета за неупотребливи, би можеле во суштина да функционираат како резервни делови за Украинците. Според коментарите на Мирчев, проектилите не можат да се реновираат или обновуваат во Бугарија додека Украинците го поседуваат потребниот капацитет да ги искористат.

    Советскиот наводувачки противвоздушен проектил од типот 5В55Р, за кој станува збор, е ракетен систем земја-воздух дизајниран да зафаќа и уништува воздушни цели, како што се непријателски авиони или беспилотни летала. Ракетата е дел од семејството на системи за противвоздушна одбрана С-300, кои беа широко распоредени од Советскиот Сојуз и неговите сојузници.

    Иако неисправни, овие ракети можат значително да го засилат капацитетот на украинската противоздушна одбрана, која исто така располага со овој ракетен систем од ерата на Советскиот сојуз, велат познавачите. Во дебатата на бугарскиот парламент не беше наведено за колкава количина ракети станува збор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img