More

    Собраниска делегација е во официјална посета на Туркије

    spot_img

    Претседателот на Собранието Африм Гаши, во придружба на пратениците Бејџан Иљас, претседател на ратеничката група за соработка со Парламентот на Република Туркије, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали, од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Република Туркије, на покана од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Туркије.

    Во рамките на посетата, Гаши, оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган, на оја биле разменети мислења за унапредување на одличната соработка, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

    Гаши и пратениците остварија средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Туркије и членови на Советот. На средбата, високата собраниска делегација беше информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Стана збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу Македонија и Туркије на полето на високото образование, истакнува собраниската прес-служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img