More

    Собранието се согласи да се продолжи рокот за завршување на автопатот Кичево – Охрид

    spot_img

    Кинеската компанија „Синохидро“ има рок до крајот на 2026 година да санира 13 свлечишта кои се појавиле на трасата која се гради од 2014 година и да довршат 16% од кои се однесуваат на  работните на објектите, тунелите и ископот на земјениот материјал.

    Собранието на денешната итна седница со 78 гласа „за“ даде поддршка на предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

    Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски  кој ја образложи потребата од донесувањето на законот со кој се одлага завршувањето на изградбата на автопатот до крајот на 2026 година контролата на извршените работи покажала прогрес на работите е 83,84% со тоа што  објектите се реализирани со 88%, тунелите со 93%, а ископот на земјениот материјал со 83%.

    – Причините за продолжување на рокот на реализација на овој проект се добро познати на јавноста – поради појавувањето во најголем дел на 13 нови свлечишта на самата траса за која е потребно дополнително проектирање на технички решенија со цел да се решат пропустите во техничката документација кои се пријавија при реализацијата на овој проект – рече тој.

    Владата ќе треба да склучи нов анекс на договорот со кинескиот изведувач кој е шести по ред, но овој пат, како што е соопштени, нема да има финансиски импликации по државниот буџет.

    Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img