Собранието ја почна седницата со едноминутен молк, констатирани оставките на министерот за правда Тупанчевски и на министерот за животна средина Нуредини, како и на замениците министри за здравство Рендевски и за правда Нухиу

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

– Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите – истакна Џафери.

Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Туркије и Сирија со едноминутно молчење.

На дневен ред на седницата се неколку предлог-одлуки, предлог-закони и предлог-законски измени, како и барања за автентични толкувања.

По 103. седница, следуваат продолженија на 99. и 84. седница, а потоа, од 15 часот треба да почне и 104. седница на чиј дневен ред е избор на нови членови во Владата.

Share This Article