More

    Собранието денеска втор ден расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година: Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за расипништво

    spot_img

    откако Владата го усвои текстот по прифатените амандамни во матичната собраниска Комисија. За власта, предлог-буџетот е развоен, реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економска стабилност. Опозицијата, пак, смета дека предложениот-буџет е нереален, инфлаторен, расипнички и ризичен, преполн со приливи од донации и заеми и  оти со него прави масовна кражба на народни пари.

    Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова, ваквиот буџет планиран за 2023 година убедливо е најрепресивен, гломазен и расипнички во историјата на земјата.

    – Овој буџет е за 75 проценти поголем од тој во 2016 година или за 50 проценти поголем од тој во 2019 година А дали граѓаните живеат подобро? Секако дека не живеат. Близу половина од целиот буџет оди за социјални трансфери. Оваа расходна ставка со буџетот ја надминува психолошката граница од две милијарди евра и ќе тежи 2,3 милијарди евра, имаме зголемување за 192 милиони евра во однос на ребалансот, факт кој укажува на тоа дека сиромаштијата во земјава непрекинато расте. Секој трет Македонец е под ризик на сиромаштија. Така кажуваат и последните податоци од ЕУРОСТАТ – рече Петкова.

    Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска смета дека предложениот-буџет за 2023 година е нереален, инфлаторен, расипнички и ризиче, преполн со приливи од донации и заеми. Според Петковска, со ваков буџет, сме пред банкрот.

    Нејзиниот сопратиец Зоранчо Јованчев, пак, истакна дека предложениот-буџет е масовна кражба на народни пари и расипничко трошење.

    – Еден ваков мегаломански , преамбициозен буџет креиран од неамбициозна влада која веќе петта година по ред докажува и покажува дека нема ниту капацитет , ниту знаење, како истиот да го изкреира а најмалку како да го изреализира, да ги изменаџира сите овие економски политики , проекти, стратегии кои еден буџет го чинат за да на крајот истиот да постане реалност и да биде извор на економска сигурност и стабилност на секој еден граѓанин – рече Јованчев.

    Фиснике Бектеши-Шаќири, пратеничка на ДУИ, пак, истакна дека во буџетот за 2023 година има јасна определба за да се зачува макро-економската стабилност и создавање на подобри услови за забрзан раст на економијата и во услови на енергетска криза во Европа.

    – Пандемијата, енергетската криза, притисоците кои што се засилени од несигурноста од војната во Украина се едни од причините зошто не се постигна посакуваните резултати. Предложениот-буџет за 2023 година има четири главни објективи: справување со енергетската криза и зголемување на инфлација, продолжување на фискалната консолидација и одржување на фискалната консолидација, економска преродба и економски одржлив развој, финансирање на основните потреби на граѓаните и за реформите во правосудството и евро-интеграции – рече Бектеши-Шаќири.

    Пратеничката на СДСМ Љубица Спасовска, пак, потенцира дека Министерството за економија во програмата „Реформи, политики и мерки” предвидува голем број субвенции, поддршки и финансиска помош кон туризмот, конкретно субвенции за туристички цели на селски домаќинства, поддршка на активен туризам, субвенции за разни туристички манифестации, форуми од областа на туризмот, финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот, субвенции за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор за кои се предвидени 11 милиони денари.

    Вкупните расходи во Буџетот за 2023 година, се планирани во износ од 324,8 милијарди денари, или за 36,3 милијарди денари повисоки во однос на Буџетот за 2022 година. Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.

    Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година ќе продолжи во 15:30 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img