Хрватската пејачка Северина ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм објавувајќи тизер од својата нова песна.
„Fališ mi“ (Ми недостигаш) е името на новата песна која пејачката ја отпеа во соработка со познатиот бугарски музичар Азис.
Песната со која Северина го најавува својот долгоочекуван албум ќе излезе денеска на 31 март во 12 часот.
„Умирам, едвај чекам“, „Конечно“, „Веќе грми“, „Кралицата се врати“, се само дел од коментарите на возбудените обожаватели.
Последниот албум на Северина беше „Halo“ кој излезе во 2016 година.
Инаку, Азис пред пет години се најде на листата на „Њујорк тајмс“, меѓу 25-те музичари кои носат трендови во светот на музиката.
Причина за тоа е песната „Хабиби“, која стана тотален хит и во Бугарија и во странство.
Според „Њујорк тајмс“, Азис поседува талент со кој се прослави во светот, но и во својата татковина и претставува доказ дека за неговите успеси не постојат граници.
ФОТО: Инстаграм