More

    Со зголемените плати почнува промената на здравствениот систем

    spot_img

    Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници – 2.450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3.850 денари за медицинските сестри, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    „Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата. Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конечно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги. Следуваат реформи и трансформација на здравствениот систем. ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел“, соопшти партијата.

    Планот за зголемување на платите почнува во 2024 година, се додава во соопштението, а парите за плати во здравството се покачуваат за 10%. Овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада.

    „Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години. Следната 2025 година во март ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5 до 7 %, истото зголемување од 5 до 7% ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 % во 2028 година“, се вели во соопштението.

    Псртијата додава дека ќе почнат реформи во здравствениот систем, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img