Со ваква корупција немате шанси за ЕУ, му скрцкал Коп на Ахмети

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првин беше загрозена безбедноста на македонското небо, два НАТО авиони слетувале додека бандитите на ДУИ тепале вработени во М-НАВ, а сега и амбасадор на земја членка на ЕУ укажува на криминалот и корупцијата, кои се вистинскиот проблем зошто Македонија не е членка на ЕУ, сето ова во првите две недели од новата година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Политичкото влијание на ДУИ и СДСМ врз правосудството се гледа и по ослободувањето на бандитите од ДУИ кои упаднаа во М-НАВ, едниот оди на работа со луѓето кои ги тепал, 4 не се достапни за полицијата, а другите се дома, и тоа не за учество во маалско семејна тепачка како што Ковачевски сака да претстави, туку за организиран упад во контрола на летање. Нема толкав криминал што може ДУИ да направи, а судиите под нивна и контрола на СДС да не го амнестираат – се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека правосудството е целосно во канџите на власта, а притисоците се секојдневие.

– Искрениот коментар на холандскиот амбасадор им ја потопи кампањата за европскиот фронт на ДУИ и СДСM, државата страшно застранила од европскиот пат. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вчера објави фотографија од средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кому директно в лице му кажал дека со вакво ниво на корупција и владеење на правото Македонија не треба воопшто да очекува влез во Европската Унија.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се состана со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишниот постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е во ризик низ политичкиот спектар. Исто така, непотребното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе добие силна реакција од Холандија“, напиша Јан Коп по средбата.

„Две години постојан пад на владеењето на правото, дали случајно се совпаѓа со мандатот на Димитар Ковачевски како премиер“, праша аналитичарот Џевдет Хајредини на Фејсбук.
Share This Article