Со усвојување на дневниот ред започна расправата за потребата за измена на Уставот.
Прва и единствена точка на дневен ред беше Предлог за изменување на Уставот, а тој беше усвоен со 70 гласови „за“.
За изгласување на потребата за уставните измени се потребни 80 гласови.
Кога дневниот ред беше усвоен со 70 гласови, опозицијaта аплаудираше, бидејќи власта немаше 80 гласови.
Како што дознаваме од партиски извори, вкупно присутни пратеници во собраниската сала се 119, а 70 пратеници гласале „за“ и 47 гласале „против“.
Не гласале двајца пратеници: Илија Николовски од Пензионерската партија која е дел од владејачката коалиција, како и Фадиљ Зендели од Беса.
Отсутен е само пратеникот Диме Велковски од СДСМ.