More

    Со условни казни да се ослободат затворите од пренатрупаност

    spot_img

    Нема потреба да се носи Закон за амнестија со цел да се намали пренатрупаноста во затворите, туку треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор. Ова законско решение треба да биде почесто применувано, изјави судијката во Основниот кривичен суд Скопје, Билјана Коцевска пред почетокот на работилницата „Предизвици за надминување на затворската пренатрупаност“.

    Судиите, според Коцевска, треба да се охрабрат да изрекуваат поголеми условни отпусти со заштитен надзор и да го применуваат електронскиот надзор. Неколкуте закони за амнестија досега не ја постигнаа целта и можеби само моментно се намали пренатрупаноста во затворите, но за многу кратко време повторно се пренатрупаа.

    – Сметам дека судиите треба навистина да се охрабриме да даваме поголеми условни отпусти, не само за да се намали пренатрупаноста, туку и за да се постигне целта на казнувањето, намалување на рецидивизмот. Со тоа автоматски ќе се намали и затворската популација, односно пренатрупаноста – рече Коцевска.

    Таа додаде дека колку што е поборник за алтернативна мерка со условна осуда со заштитен надзор, толку е и поборник за отповикување на условната осуда во случај кога осудените нема да ги исполнуваат обврските.

    – Имаме и неколку отповикани условни осуди заради тоа што осудените не ги исполнувале обврските коишто им биле определени со условната осуда, односно со заштитниот надзор. На тој начин само ќе можеме уште повеќе да допринесеме да ја смениме сликата дека условно осудените останале неказнети – посочи Коцевска.Според Коцевска, во Основниот кривичен суд се изрекуваат многу условни осуди со заштитен надзор и имаат многу добра соработка со пробациската служба во рамки на Кривичниот суд.

    Поразително е, додава таа што бројот на изречени условни осуди со заштитен надзор во другите судови ако не е на нула, е еден процент.

    Судијката објасни дека пробацијата за да може да биде изречена е врзана со алтернативната мерка условна осуда. Условна осуда може да биде изречена како највисока утврдена казна затвор од две години која нема да се изврши доколку во наредните пет години осудениот не стори некое ново кривично дело.

    – Утврдената казна затвор од две години може да биде изречена и во случаи на одредбите од член 40 и 41 од КЗ за ублажување на казната. Пример, ако имаме запретена казна затвор од најмалку четири години можеме најмногу да ја ублажиме до две години и во таков случај можеме да изречеме условна осуда со заштитен надзор – изјави Коцевска.

    Ирена Здравкова од Македонското здружение на млади правници, кои се организатори на денешната работилница, посочи дека како здружение се залагаат за пробацијата и дека според нив тоа е иднината преку која првенствено ќе се намали и рецидивизмот и ќе се намали и пренатрупаноста на затворите.

    – Факт е дека рецидивизмот стапката е висока, секое второ лице кое што е во затвор всушност е повратник и за таа цел мора да се работи заеднички. Треба да постои меѓуинституционална соработка во која што ќе бидат вклучени судиите. Добро е што имаме и поддршка од Управата за извршување на санкции, Министерството за правда, меѓутоа секако и локалните заедници, невладиниот сектор и социјалните служби, бидејќи ова е еден сеопфатен процес во којшто секој треба согласно својата надлежност да помага  лицата да не се вратат повторно во затвор – изјави Здравкова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img