СО СОЛЗАВЦИ И АПСЕЊА РАЗБИЕН ПРОТЕСТ НА ЕКСТРЕМИСТИ ВО ПРИШТИНА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Косовската полиција уапси неколку учесници на денешниот протест во Приштина, организиран поради посетата на претседателката на Специјалниот суд, Екатерина Трендафилова, кој ги истражува наводите за извршени злосторства од Ослободителната војска на Косово.

Демонстрантите фрлија солзавец во близина на хотелот каде што требаше да се одржи средба со граѓанскиот сектор. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „На УЧК не може да ѝ се суди“, „Трендафилова надвор“, а тие извикуваа „Долу Специјалниот суд“.

Полицијата со солзавец и спрејови ги растера останатите демонстранти, при што не ги поштеди ниту новинарите, а некои од нив, според медиумите, биле и повредени.

Меѓу уапсените е и Дардан Молиќај, лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), која го организираше протестот. Покрај Молиќај, уапсени се уште шестмина партиски активисти.

Молиќај на протестот, пред да ескалира, изјави дека целта на собирот е да се спротивстави на посетата на Трендафилова на Косово.

Трендафилова денеска допатува во работна посета на косовскиот главен град на средба со претставници на граѓанското општество, во рамки на Програмата на меѓународниот трибунал за комуникација и подигнување на јавната свест.

Молиќај го обвини премиерот Курти дека се радува на престојот во Хаг на поранешните лидери на ОВК и дека, „додека ним таму им се суди, Курти им дава автономија на Србите во Косово“.

По смирувањето на ситуацијата, потпретседателот на ПСД, Ќендрон Кастрати побара ослободување на Молиќај и останатите приведени, а ја обвини полицијата дека е инструментализирана со политички одлуки и дека применува непропорционално насилство врз демонстрантите.

Share This Article