Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска точно напладне официјално ќе започне годинашната прослава на Бадник

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска точно напладне официјално ќе започне годинашната прослава на Бадник што по 31-ви пат ја организира Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје”.

Први бадниково гранче ќе пресечат кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски-јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски, и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.

„Во рамките на традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2023 ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик“, велат организаторите.

Share This Article