Со рокерот Милиќ Вукашиновиќ разговараат психијатри

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На српскиот рокер Милиќ Вукашиновиќ пред неколку дена му ја ампутираа ногата, а неговата сопруга Сузана откри дека по отстранувањето на конците ќе добие протеза.

– Го посетија психолози и психијатри. Бевме подготвени за ова, многу разговарав со него, па му дадов голема поддршка. Лекарите рекоа дека е добро. Се помина добро, деновиве ќе правиме мерења за протезата. Штом ќе се отстранат конците, тој ќе оди на рехабилитација. Го посетуваат физиотерапевти, се напредува како што треба. Тој е на интензивна нега. Сега треба да ја зацврсти другата нога на која треба да се потпре, да научи да оди. Им благодариме на лекарите, сите се со него и го бодрат – изјави Сузана за „Блиц“.

По тешката операција, Милиќ даде изјава за медиумите истакнувајќи дека му е отсечена ногата над коленото.

– Се влоши, два месеци трпев страшни болки, пробав се, ни стапалото не мрдаше. Тие болки можат да те натераат да полудиш, а за да не бидам луд, да не можам повеќе да играм и да бидам рокенрол доктор, дојдов да ми ја отсечат ногата… Ова нема да ме убие – изјави рокерот.

Share This Article