Со проекцијата на филмскиот хит „Аватар патот на водата”, вечерва започнува со работа  Киното од Свети Николе „3Д Kиноверзум

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со проекцијата на филмскиот хит „Аватар патот на водата”, вечерва од 18 часот во салата „Бели Мугри” во Велес започнува со работа  Киното од Свети Николе  „3Д KиноверзумВо 21:30 часот е американскиот филм „Бабилон” со Брет Пит. Со тоа велешани по 17 и пол години повторно ќе имаат Градско кино. Градското кино „11 Октомври” во строгиот центар на Велес, работеше до август 2005 година.

3Д киноверзум Велес” го најави репертоарот за следните седум дена. Утре, петок од 17 часот е детскиот филм „Неверојатниот Морис” од 19 часот е  „Меган”. Утревечер во 21 часот е повторно „Аватар-патот на водата”, кој  ќе биде прикажан и во сабота и недела од 18 часот и во вторник од 21 часот.

Новото Градско Кино во Велес со најсовремена дигитална опрема, според највисоки светски стандарди со инвестиција на Општина Велес од 76.430 евра, сместено во салата „Бели Мугри” на локалната библиотека беше отворено на 11 октомври 2020 година. Тогаш, истата вечер, премиерно беше прикажан домашниот филм „Стела” со две проекции, по што киното стои затворено две години и три месеци.

По бројните барања и реакции на велешките љубители на киното, истото да биде ставено во функција, локалната власт одлучи киното да го издаде на управување преку јавен повик. На три години користење салата „Бели Мугри” сместена во Локалната библиотека каде е новото кино, ја доби Киниверзум 3Д од Свети Николе. 

Share This Article