Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“ ќе биде отворен годинашниот фестивал Денови на германскиот филм

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“, добитник на Германската филмска награда за 2021 година, на 15 октомври од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворен годинашниот фестивал Денови на германскиот филм.

Фестивалот го организира Амбасадата на Германија во земјава, во соработка со Кинотеката, Балканскиот центар за соработка „Лоја“ во Тетово и Куќата на Европа во Струмица и Крива Паланка.

Во наредните денови по отворањето, 16, 17 и 18 октомври, на програмата се и филмовите: „Рабије Курназ против Џорџ В. Буш“, „Светот ќе биде поинаков“ и „A E И О У – Брзата азбука на љубовта“.

Деновите на германскиот филм во сабота со поздравно обраќање ќе ги отвори амбасадорката на Германија Анке Холштајн. Покрај во Скопје, проекции ќе има и во Тетово, Кавадарци, Штип, Струмица, Крива Паланка, Куманово Кратово.

Филмовите се на германски јазик, со превод на македонски и на албански. Влезот за проекциите во Кинотеката е 100 денари, а бесплатен во другите градови.

Share This Article