Со претходна најава итно ќе се царинат само расипливи стоки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Царинските испостави во Скопје в среда (29 ноември) ќе работат само до 12 часот, а в четврток ( 30 неомври) нема да работат цел ден  поради одржување на Самитот н ОБСЕ во Скопје, информираа од Церинската управа.

„Царинските испостави  Скопје 1, Скопје 2,  Скопје 3,  Скопје 4 и Царинската испостава во Пошта Скопје, в среда (29.11.2023) нема да работат по 12 часот и в четврток (30.11.2023) нема да работат“ се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека  по исклучок и по претходна најава во случај на потреба за итно и неодложно царинење на лесно расиплива стока, стока од земјоделско или животинско потекло, како и за стока неопходна за процесот на производство и за општо опасни и лесно запаливи материи, во горенаведените испостави ќе бидат организирани дежурни екипи за увозно царинење.

„Ги потсетуваме економските оператори и царинските застапници дека согласно одредбите од член 146 став 1 точка б од Уредбата за спроведување на царинскиот закон и точка 15 од Упатството за спроведување на постапка за увозно царинење, увозната царинска декларација во форма на електронска порака во редовна постапка може да се поднесе во редовно работно време на царинската испостава каде ќе се спроведе царинењето“.

Од Царината додаваат и дека поедноставените постапки за економските оператори се спроведуваат согласно издадените одобренија за поедноставни постапки.

во рамки на организирањето на Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, владата донесе заклучок со кој  работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територија на град Скопје на 29.11.2023 година (среда) да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје.

Share This Article