Со прераспределбата на парите помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, владата планира да обезбеди средства за зголемување на платите за 10% од септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со прераспределбата на парите помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, владата планира да обезбеди средства за зголемување на платите за 10% од септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор.

Со таа прераспределба ќе се обезбедат дополнителни средства за пораст на пензиите од септември 2023 година, за спроведување мерки за надминување на определени непредвидени состојби во стопанството, за субвенции во областа на земјоделството и образованието, поддршка на домашни и странски компании преку обезбедување за државна помош, за исплата на правата од социјалното осигурување, набавка на лекови во областа на здравството и слично.

На вчерашната седница Владата го разгледа и го утврди Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и ја разгледа и утврди Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Со донесените владини заклучоци се предлага прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, поради што за спроведувањето на предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот, според образложението од предлагачот на точките, Министерството за финансии, не се потребни дополнителни финансиски средства.

По утврдувањето од Владата на Република Северна Македонија, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Македонија и предметната Предлог – одлука, ќе бидат доставени до Собранието.

Share This Article