Со помош на повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари ставен е под контрола пожарот кој денеска зафати фабрика за одгледување канабис за медицински цели во тиквешкото село Дебриште

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со помош на повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари ставен е под контрола пожарот кој денеска зафати фабрика за одгледување канабис за медицински цели во тиквешкото село Дебриште.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека во гасењето биле вклучени екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец Кавадарци и на Еуроникел.

Јанчев истакна дека е спасен поголемиот дел од објектот и упати благодарност за брзата интервенција на службите.

Oд Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопштија дека станува збор за фирмата „ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО“.

„Од страна на ДИЖС, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место. Правниот субјект поседува Елаборат за животна средина. На лице место присутни МВР-Крим полиција, Противпожарна бригада од Кавадарци, Росоман и Неготино со помош од противпожарна бригада од правниот субјект Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ)“, соопштија од ДИЖС.

Share This Article