Со парите ќе се купат контејнери за селектирање на отпад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По донесувањето на мерката за забрана за пластични кеси, односно по дозволената продажба само на биоразградливи кеси за кои се наплатува надомест од 15 денари во специјалниот фонд за животна средина, во период декември лани и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари.

Со тие средства, како што појасни денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, се планира да се купуваат контејнери за селектирање на отпад кои ќе бидат поставувани во општините.

– Сакам да ве информирам дека за декември и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари по оваа основа. Ќе предложиме на Влада, бидејќи тоа се средства од Буџетот, со тие средства, заедно со колективните постапувачи како „Пакомак“, да поставиме систем и да купиме контејнери за селектирање на отпад, рече Нуредини во одговор на новинарско прашање на презентацијата на резултатите од еко-акцијата „Генералка викенд“.

Тој вели дека треба да биде направен договор меѓу МЖСПП, колективните постапувачи со отпад и општините каде да бидат поставени контејнерите и кој ќе ја собира содржината од нив, за да можат граѓаните сами да селектираат отпад – пластика, лименки, тетрапак и стакло. Ако отпадот се селектира, нагласи Нуредини, ќе има помала количина за депонирање.

Share This Article