More

    Со овие зборови обвинетиот Кешишев ги пречекал полицајците во просториите на партијата Десна

    spot_img

    Началникот Дејан Димовски денеска како сведок на Јавното обвинителство во процесот за расветлување на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски што се случија лани во ноември сведочеше како почнале да ги поврзуваат двата случаја. Тој во тоа време бил началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје, каде е сѐ уште е.

    – Ги разделивме мајката и таткото и посебно зборувавме, особено со Александар, кој тврдеше дека е кидапирана, јас велев, тогаш ќе треба да се очекува повик… На терен отидовме пред зградата, направивме круг околу зградата, ги мапиравме сите камери од Сејф сити и утврдивме дека излезот на зградата е во мртов агол и не го фаќа ниедна камера ни од Сејф сити ни од околните објекти. Од тоа заклучивме дека нема шанси девојчето пешки да ја напуштило зградата. Излезена е со возило, затоа што пеш веднаш би ја фатила некоја камера, по првите чекори. Значи, излегла со возило, па на камерите ги проверувавме сите возила, баравме девојче во возилото, мислевме дека доброволно е влезена во некое возило. Мислевме во првите денови дека таа намерно избегала со некого за да ги казни родителите. Но, немаше девојче во возилата. Гледавме и регистрации, да не има некој со фалц таблица… Ова е сѐ во дел на истрагата за исчезнато девојче, без индиции дека е грабната, освен изјавите на таткото – реле Димовски.

    Тој додаде дека истовремено во одделот крвни деликти се водела уште една истрага за запалено возило кое било најдено во Бразда.

    – На 27 ноември 2023 година кога било запалено возилото, ние бевме известени во вечерните часови дека е најдено целосно изгорено возило и, според процедурите, баравме дали има услови за увид, но бидејќи беше ноќ, увидот го направивме следното утро. Вечерта ја нашле таблицата и провериле дека е велешко возило и сфатиле дека возилото е на исчезнато лице. Вечерта, сепак, се органиизраше пребарување на теренот, со кучиња, не најдоа ништо, утредента се направи увид. Возилото беше подигнато и однесено на вештачење. Колегите што го истражуваа запалениот „цитроен“, бараа камери по патот. Најдоа камери на општина Чучер Сандево, еден ден се мачеа за да ги отворат снимките и тогаш покрај „цитроенот“ забележале и пикап. Немало други возила, прво помина „цитроенот“, па другото возило, но на снимките не се гледала таблицата на другото возило. Бараа и други камери во реонот, кон Шутка за да ги најдат двете возила на други снимки. На Сејф сити е виден „цитроенот“ на 23, 24 и на 27 ноември 2023 година, па баравме каде се движел – рече Димовски.

    За сето тоа време тој имал интензивна комуникација со родителите. Таткото Александар цело време давал сугестии, видете ова, видете она.

    – Еден ден ми се јави, рече „имам едно сомнително возило, да го проверите“. Ми прати слики од камери кои веќе сме ги провериле, од козметички салон, ми посочи едно сомнително возило. Пратив порака кај колегите да ја проверат снимката и траекторијата на движење. Александар рече дека му е сомнително, дека има комбе со него, не ни беше јасно што му е сомнително. Но, кога ја проверија снимката во Сејф сити, каде има подобри камери, ми рекоа дека тоа возило што му е сомнително на Александар е велешкиот „цитроен“. Ги најдовме таблиците на тоа што мислевме дека е пикап, излезе дека е „рено кангу“, сопственост на Рита Ќириќ. Ја повикавме на разговор. Александар ми се јави и ми рече „мило ми е што ви помагам, ама од информацциите што ги добивам од другарки на Вања, видете да не е некое лице постаро вклучено, да не е некој од Охрид, од Велес“. Ние веќе го поврзавме „цитроенот“ со „кангото“, а тој го спомна токму Велес – рече Димовски.

    Сопственичката на „рено кангу“ Рита Ќириќ дошла со сопругот во полициската станица во Кисела Вода. Таа рекла дека живеат во Исланд, а сопругот го дал возилото на користење на партијата Десна.

    Во Сејф сити утврдиле дека последното дижење на „кангуто“ е на 27 ноември околу 23 часот и дека се паркирало некаде кај Железничката станица во Скопје. Полицајците излегле да го бараат возилото пешки, го нашле кај некоја куќа на која пишувало политичка партија Десна. Изгуглале, виделе дека претседател на Десна е Љупчо Палевски. Димовски им рекол да останат таму пред куќата додека не се расчисти каква вмешаност има возилото. Го известиле Јавниот обвинител, барале да се изврши претсрес во тој објект и во возилото. Судиите и ЈО не им дале веднаш дозвола за претрес затоа што станувало збор за политичка партија, па барале кој е сопственик на куќата во катастар, и налогот за претсрес го добиле на име на сопственикот.

    – Тоа беше на 2 декември, 1 часот по полноќ. Кога влеговме внатре имаше тројца, еден од нив Кешишев, вели „каде сте досега, ве чекавме“. Како нѐ  чекате? Епа, видовме кола, ве чекаме. Ги идентификувавме, побараа адвокат, дојде еден адвокатот Васко и вршевме претрес. Ги прашавме „каде ви е претседателот“, Кешишев ни рече дека отишол во Белград, дека има проблеми со кичмата, дека ќе оди во Турција. Адвокатот рече „па јас го однесов Палчо пред два дена во Белград“. Проверивме, видовме дека пред два дена Васко и Палчо поминале граница. Раскажа дека по пат застанале во Ниш. И дека Палчо по пат му велел дека неколку дена го следи некое велешко возило „цитроен“. Ние мислевме дека сме на трагот на исчезнатиот Панче, во тој момент немавме поврзаност на случаите, нејасно ни беше зошто „цитроенот“ и „кангуто“ поминале пред зградата на Вања – рече Димовски.

    Кога завршил претресот ги лишиле од слобода Кешишев и двете лица кои ги затекнале со него. Го подигнале возилото и отидоше во полицикста станица на разговор, под сомнеж за предизвикување општа опасност поради опожарување на „цитроенот“.

    – Мислевме дека ќе го расчистуваме случајот на „цитроенот“, случајот за Панче. Разговаравме со тројцата, двете лица од партијата Десна ги пуштивме, не беа сомнителни, ги ослободивме Рита и нејзиниот сопруг, а Кешишев остана. Тој на почетокот велеше „не знам ништо, ретко излегувам од објектот, само до КАМ одам…“ Претходно, пак, на 1 декември, колеги од Велес дојдоа во Скопје за запаленото возило и ни дадоа информација дека два дена по исчезнувањето на Панче е пријавено, ни кажаа што работеле, каков профил е Панче, дека знае да излезе и да го снема, не е чудно за него да го снема – рече Димовски.

    Тој додаде дека Александар како загрижен родител ги барал снимките од околните објекти, му ги давале, а тој ги носел во полиција.

    – Ние истите тие снимки веќе ги имамве. Нему му помагаше негов пријател Гоце, рече дека се старо кумство. Рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на мајката на Гоце. Еден ден го затекнавме кај фризерски салон, ние отидовме по снимки, тој веќе беше таму и заеедно ги гледавме снимките – рече Димовски.

    Александар им кажал на полицајците дека со Гоце откриле камера што гледа кон влезот на зградата а е поставена од другата страна на Илинденска, на монтажен објект, за продажба на пици.

    – Отидовме, имаше камера, насочена кон влезот, не знаевме до каде има домет камерата, земавме техничар, ама тој ни рече дека нема струја. Ни го дадоа ресиверот за да провериме. Прегледавме и видовме дека кабелот за струја е пресечен. На рисиверот немаше видеозапис ни од тој ден ни од претходните денови. И да имало струја, можеби ќе сме немале среќа, исто така, не се знае дали камерата достигала да снима до влезот – објасни Димовски.

    Димовски работи 22 години во МВР, од кои 20 години во крвни деликти, најтешки кривични дела како убиства, грабнувања, сериски убиства итн. Во неговата единица има три одделенија – крвни деликти, насилен криминал и семејно насилство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img