Фудбалерите на Аргентина ја освоија Копа Америка со победата против Колумбија по продолженија со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута и со тоа му го обезбеди 45. трофеј во кариерата на Лионел Меси.
Аргентинецот со тоа стана играч со најмногу трофеи во историјата на фудбалот со 45 трофеи во витрините. Досега рекордот го држеше неговиот поранешен соиграч Дани Алвеш. Алвеш во кариерата освои 44 трофеи, а Меси сега е сам на врвот.
Фантастичниот Аргентинец во кариерата освои 57 индивидуални награди.
Инаку, Меси го напушти теренот на средината на вториот дел откако го повреди десниот скочен зглоб. Камерите потоа го снимиле како плаче на клупата, но тагата не траела долго. Откако судијата свиреше за крај на натпреварот, дојде до големо славје на волшебниците од Росарио.