Вознемирувачка и шокантна вест на социјалните мрежи објави активистката за заштита на животните Тина Мицковска, откако на сред бел ден во Карпош било убиено куче со огнено оружје.
„Маалскиот миленик Тоби од Млечен, мирно куче кое сите таму го чуваа и хранеа, за жал го пронајдоа УБИЕН И ПУКАН со ПУШКА спроти Сидро. Некој монструм се дрзнал насред Карпош да пука со пушка во најмирното куче НАСРЕД БЕЛ ДЕН, помеѓу 8:30 и 09:00 утрово. До кога ќе се дозволува вакви психопати да шетаат слободно? Пред некое време во близина беше пукано и во нашиот маалски миленик Џамбо и ништо чудно да се работи за истата будала што може утре да пука и во човек. Доколку некој има некакви информации, ве молам споделете да помогнеме на МВР побрзо да се пронајде“, напиша Мицковска.
Тина во својата објава му се извини на Тоби што живееше во суров свет, па му порача сега да трчка слободно таму горе.