Со обезбедените градежни дозволи ќе се добие струја од над 400 мегавати

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека најверојатно од мај до октомври годинава во државава ќе има вишоци на производство од обновливи извори на енергија.

– Во одредени денови и часови од мај до септември потрошувачката не надминува 600 мегавати во целата држава а ние веројатно би имале 400 мегавати само во мај – рече Бектеши денеска на прес-конференција.

Тој соопшти дека во завршна фаза, со добиените градежни дозволи, се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати. Ова, посочи, е рекорден број на фотонспонски централи кои што се градат во државата досега.

Министерот потенцираше дека интересот за изградба на на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.

Само во дистрибутивната мрежа веќе има конекција на 81,8 мегавати електрична енергија од соларни извори. Во градба или ќе почнат да се градат се капацитети од 386,1 мегават часови.

Согласно Стратегија за развој на енергија, моментно нашата дистрибутивна мрежа може да прими околу 1500 мегавати, што значи деа за неполни четири години ќе имаме 700 мегавати нови капацитети, повеќето од фотонапонски централи што ќе бидат во мрежа. Над 28 проценти од овие капацитети се на слободен пазар што значи дека ќе нема никаво влијание во делот на утврдување на цената од Регулаторната комисија за енергетика, рече Бектеши.

За две недели ќе биде усвоен нов правилник – индикативен план со којшто ќе се распределат сите инвестиции со решение од Владата и Министерството за економија, а ќе се дава предност на иневстиците на ЕСМ во обновливи извори на енергија.

-Целта е и потенцијалните инвеститори да бидат сигурни дека ќе можат да се приклучат во мрежа за да не настане дополнителен проблем во делот на финансирање одредени инвестиции или слично од почетокот на постапката, а не во крајната фаза, рече Бектеши.

Share This Article